Јувентус извиси: Шкринијар си замина од ПСЖ, но не се враќа во Италија

Милан Шкринијар ќе го напушти ПСЖ во следните неколку дена, но тоа нема да биде за преселба во Јувентус како што беше најавувано претходно. Галатасарај е клубот што излезе како победник од трката по словачкиот дефанзивец, кој во следниот период ќе отпатува за Истанбул, на лекарски прегледи и потпис со актуелниот шампион на Турција.

„Старата дама“ сакаше да го врати екс-дефанзивецот на Интер како засилување за одбраната за вториот дел од сезоната. Сепак, Јувентус се уште се мачи со финансиски проблеми, а згора на тоа приоритет во меѓувреме стана доведување на нов класичен напаѓач (се преговара со Циркзе и со Коло Муани), па оладениот интерес за Шкринијар му овозможи на турскиот гигант да го претрпе Јуве во оваа трка.

Информациите од Турција говорат дека е договорено речиси се, челниците на ПСЖ се согласиле да покријат и дел од платата на Шкринијар, а и словачкиот репрезентативец се согласил на преселба во Турција. Во договорот има клаузула за откуп на крајот од сезоната што не е задолжителна, па големи се шансите Шкринијар во јули да се врати назад во Париз и летото да преговара за перманентно заминување од „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...