Јувентус ја чува „деветката“ за Икарди

Италијанскиот првак Јувентус го комплетираше трансферот на холандскиот интернационалец Матијс де Лихт, но тоа нема да биде се во летниот преоден рок. Сега фокусот се префрла на Мауро Икарди, напаѓачот на Интер кој се очекува да го напушти „Џузепе Меаца“. Јувентус ги пријави броевите на фудбалерите за Интернационалниот куп на шампионите, а „деветката“ остана без сопственик. Таа е планирана токму за Мауро Икарди.

Аргентинецот Гонзало Игуаин го доби бројот „21“, Арон Рамзи ја задолжи „осумката“, а Де Лихт ќе настапува со број „4“ на грбот.

Интер бара 60 милиони евра за трансферот на Мауро Икарди, но Јувентус ќе се обиде да ја спушти сумата до 45 милиони евра. Италијанските медиуми откриваат дека Икарди веќе има начелен договор со „старата дама“ за петгодишна соработка, а би заработувал 8 милиони евра по сезона.

Се вчитува...