Јувентус ја има главната улога во трансферот на Исак во Ливерпул

Сагата околу трансферот на Александар Исак во Ливерпул и натаму продолжува. Интерес има, Швеѓанецот е блиску да пристигне на „Енфилд“ како замена за Дарвин Нуњез кој заминува во Саудиска Арабија.

Сепак, овој долгонајавуван трансфер би можел да го забрза тимот на Јувентус. Италијанскиот тим е заинтересиран за Сандро Тонали, а во целата зделка тимот од Торино е подготвен да го вклучи и Душан Влаховиќ. Доколку се случи Србинот да пристигне на „Сент Џејмс Парк“, тогаш сигурно е дека Исак потпишува за „црвените“.

Наводно од таборот на Јувентус веќе размислуваат да ја прифатат понудата на Њукасл, и тоа би значело дека се отвора можноста за Исак да замине во таборот на англискиот првак.

Се вчитува...