Јувентус ја користи ситуацијата во Каталонија и добро ќе ја засили одбраната

Роналд Араухо беше еден од најважните играчи во одбраната на Барселона во изминатите неколку сезони, но повредата на коленото што ја заработи на Копа Америка го промени сето тоа.

Ханси Флик им даде шанса на некои други играчи кои целосно ја искористија, а сега кога Араухо конечно се опорави и се врати на теренот, стана јасно дека веќе нема толку сигурно место во стартниот тим.

Уругваецот сега е резервна опција кога е во прашање стоперската позиција бидејќи пред него се Иниго Мартинез и Пау Кубарси кои се ударното дуо во одбраната на каталонскиот клуб оваа сезона.

Араухо пред неколку дена конечно одигра натпревар по повеќе од половина година бидејќи Флик му даде шанса да игра во Купот на кралот. Претходно Араухо изјави дека сака само да игра за Барселона и отфрли секакви разговори за заминување, но сега тоа се смени.

По натпреварот од Купот на кралот, тој за шпанските медиуми призна дека не е сигурен каква иднина носи и уште колку ќе игра за Барселона, што беше јасен показател дека Араухо е незадоволен од моменталниот статус во екипата. 

Шпанските медиуми пишуваат дека Араухо веќе имал одредени контакти со неколку клубови кои сакаат да го доведат веќе во јануари, а по неговата изјава Барселона станала свесна дека заминувањето на овој 25-годишен фудбалер е се поверојатно.

И, за нов ангажман нема да чека, затоа што според информациите од Италија, тој е многу блиску да ја засили екипата на Јувентус. „Газета“ тврди дека тимот од Торино максимално ќе профитира од ситуацијата во каталонскиот тим и добро ќе ја засили одбраната.

Се вчитува...