Душан Влаховиќ одбива да потпише нов договор со Јувентус откако „старата дама“ му понуди намалување на платата, па српскиот голгетер наскоро би можел даги промени клупските бои.
Во Јувентус не кријат дека очекуваат многу повеќе од своето скапо платено засилување од Фиорентина, но откако стана јасно дека Влаховиќ лошо со снаоѓа во тактичките замисли на тренерот Алегри, се чини дека разделбата е најдобра опција за сите страни. Директорот Џунтоли веќе ја одредил и цената за Србинот, во висина од 80 милиони евра, па доколку некој клуб се согласи да ја плати оваа сума веќе во јануари ќе може да потпише договор со Влаховиќ.
Сериозен интерес се уште покажува Челси, но лондонскиот клуб има проблеми со финансискиот ферплеј и најпрвин ќе мора да продаде неколку првотимци за да обезбеди буџет да го доведе Влаховиќ на „Стемфорд бриџ“.
„Старата дама“ има избрано и нов голгетер во кој ќе ги вложи парите од Влаховиќ, и тоа Бонифејс од Баер Леверкузен, но јасно е дека германскиот клуб нема да го продаде својот најдобар стрелец до крајот на сезонава, во која „фармацевтите“ водат битка со Баерн Минхен за титулата во Бундес-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА