Јувентус ја постави цената за Душан Влаховиќ на 80 милиони евра. Србинот е „мета“ на неколку клубови од Европа, како што се Челси, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, а тимот од Торино нема намера да го пушти евтино, односно за него бара цела сума која ја плати за неговите услуги на Фиорентина во јануари 2022 година.
Влаховиќ не одигра сезона каква што се очекуваше, и на 42 меча постигна 14 голови во сите натпреварувања.
Од Јувентус нема да прават никакви пречки за Србинот да си замине ако тој сака, со оглед дека тимот од Торино нема да игра во ЛШ идната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА