Јувентус дојде до третата победа во Серија „А“ во четврото коло, а Лацио пак до третиот пораз и ја продолжи серијата на слаби резултати на стартот од италијанскиот шампионат.
Јувентус немаше поголеми проблеми во дуелот со „лацијалите“ откако Влаховиќ во 10. минута донесе предност, а Киеза во 26. минута зголеми на 2-0, резултат кој беше на полувремето.
Лацио преку Луис Алберто ја врати неизвесноста во 64. минута, меѓутоа три минути подоцна Влаховиќ ја врати предноста од два разлика и го донесе Јувентус до победа.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

