Јувентус ја продолжи агонијата на Станковиќ и Сампдорија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус во еден многу чуден натпревар сепак успеаја да слават на домашен терен против Сампдорија со 4-2 како дел од 26. рунда во италијанската Серија А. Домаќините стигнаа до брзо водство од 2-0 со головите на Бремер во 11. и Рабио во 26. минута. Како брзо стигнаа до водство така гостите уште побрзо успеаја да изедначат на 2-2. За само една минута тимот од Џенова преку Аугело во 21. и Ѓуричиќ во 22. минута целосно се врати во игра.

Со овој резултат се отиде на пауза. Во вториот дел Рабиот во 64. минута со својот втор гол донесе ново водство за домаќините (3-2) кое на крајот се покажа како доволно за победа. Победата на домаќините можеше да ја запечати Влаховиќ во 69. минута, српскиот репрезентативец не успеа да реализира пенал, но тоа му успеа на Суле кој во 94. ги постави конечните 4-2.

 

Juventus [3] – 2 Sampdoria – Adrien Rabiot 65′ from soccer

 

 

Се вчитува...