Италијанскиот Јувентус ја продолжи мизеријата на англискиот шампион Манчестер сити откако вечерва славеше на домашен терен со 2-0 во меч од 6. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Душан Влаховиќ во 52. минута, додека конечните 2-0 беа дело на Венстон Мекини во 75. минута.
Juventus [1] – 0 Manchester City – Dusan Vlahovic 53'
byu/slimcase121 insoccer
Барселона во суперинтересен меч славеше на гостувањето кај Борусија Дортмунд со 2-3. Рафиња донесе водство за гостите од 0-1 во 53. минута. На 1-1 израмни Гираси од пенал во 60. минута. Феран Торес во 75. минута донесе ново водство за гостите 1-2, додека Гираси со својот втор гол израмни на 2-2 во 78. минута. Конечните 2-3 беа дело на Феран Торес во 85. минута.
Dortmund 2 – [3] Barcelona – Ferran Torres 85'
byu/CivillyWalk757 insoccer
РЕЗУЛТАТИ ЛШ 6. КОЛО:
АТЛЕТИКО МАДРИД – СЛОВАН БРАТИСЛАВА 3-1
ЛИЛ – ШТУРМ 3-2
МИЛАН – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 2-1
АРСЕНАЛ – МОНАКО 3-0
БЕНФИКА – БОЛОЊА 0-0
БОРУСИЈА Д. – БАРСЕЛОНА 2-3
ФЕЕНОРД – СПАРТА ПРАГА 4-2
JУВЕНТУС – МАНЧЕСТЕР СИТИ 2-0
ШТУТГАРТ – ЈАНГ БОЈС 5-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА