Јувентус го доби дербито на 16. коло во италијанското првенство славејќи со 2-1 против Рома.
Консеисао донесе предност за Јувентус со гол во 44. минута, а предноста на „старата дама“ ја зголеми Опенда со својот гол во 70. минута. Балданзи успеа да ја намали негативата на 2-1 во 76. минута, но Рома не успеа да постигне втор гол за изедначување и поделба на бодовите.
Со овој триумф Јувентус и се приближи на Рома на четвртата позиција на табелата. Сега „волчицата“ има предност од само еден бод.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

