Јувентус „ќари“ на два фронта: Со Луиз во Торино пристигна и прекрасната Леман

Бразилецот Даглас Луиз и официјално стана нов фудбалер на Јувентус откако реализираше трансфер вреден 50 милиони евра од редовите на Астон Вила, но одличниот играч за врска не е единствениот кој ја засили „старата дама“.

Заедно со Луиз во Торино пристигна и неговата девојка, популарната фудбалерка Алиша Леман и тоа на инситирање на самиот Луиз.

Репрезентативката на Швајцарија во иднина ќе настапува за женскиот тим на Јунветус, а и покрај засилувањето „старата дама“ направи и одличен маркетиншки потег со оглед на тоа што Леман е една од најпопуларните фудбалерки на денешницата со речиси 17 милиони следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Се вчитува...