Јувентус се уште е во потрага по идеалниот стопер кој треба да донесе стабилност во одбраната на Тијаго Мота. Голема желба на клубот е Рикардо Калафиори од Болоња, но Италијанецот е пред трансфер во Арсенал со што „старата дама“ е приморена да бара ново решение.
Според италијанските медиуми изборот паднал на 23-годишниот фудбалер на Челси, Беноа Бадијашил.
Французинот се пресели на „Стемфорд Бриџ“ во јануари 2023 година како големо засилување од Монако, но не успеа да ги исполни очекувањата па премиерлигашот е подготвен да даде „зелено светло“ за негово заминување, но само доколку биде исполнето барањето за трансфер вреден 40 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА