Италијанскиот првак Јувентус е во потрага по нов десен бек, откако стана јасно дека ќе се раздели со Стефан Лихтштајнер. Тренерот Масимилијано Алегри сака да има најмалку две опции, со оглед дека Матија Де Шилјо кој дојде од Милан се мачи со повреди.
На „пик“ на Јувентус е Павел Кадерабек од германскиот бундеслигаш Хофенхајм. Тој има актуелен договор со 2021 година, но „старата дама“ е подготвена да понуди 10 милиони евра за да го доведе во Торино по завршувањето на оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА