Јувентус и Душан Влаховиќ може да го раскинат договорот, една година пред неговото истекување. Актуелниот договор помеѓу српскиот напаѓач и клубот од Торино е со важност до 30 јуни 2026 година.
Јувентус ќе им понуди на агентите на играчот да го раскинат договорот, за да не мора клубот да му плаќа на играчот плата од 24 милиони евра. Се очекува состанок помеѓу клубот и претставниците на напаѓачот да се одржи во наредните денови.
Влаховиќ потоа како слободен агент би барал нова средина, а се посменуваат неколку клуба. На крајот може да заврши во лутиот ривал Милан, каде тренер е Масимилијано Алегри, кој работеше со него во тимот од Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

