Италијанскиот калчолигаш Јувентус сака да го доведе Иско Аларкон во Торино следното лето и подготвен е да ја израмни понудата вредна 100 милиони евра што планира да ја достави и англискиот шампион Манчестер сити. Пеп Гвардиола е голем фан на играта на Иско и би сакал да го ангажира во составот на „граѓаните“, но по препорака на Кристијано Роналдо, шпанскиот репрезентативец Иско би можел на крајот да заврши на „Алијанц арена“ во Торино.
Тренерот Масимилијано Алегри има потреба од нов играч за врска, а Иско идеално би се вклопил во неговите планови. Сепак, Реал Мадрид нема лесно да се откаже од одличниот фудбалер од средниот ред, иако во моментот кај Сантијаго Солари и не е „недопирлив“ во стартниот тим на „кралскиот клуб“. Отштетната клаузула на Иско изнесува фантастични 700 милиони евра, а тој има актуелен договор со Реал Мадрид до 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА