Екипата на Јувентус ќе донесе одлука за иднината на тренерот Игор Тудор по завршување на сезоната. Хрватот е поставен за тренер на „бјанконерите“ до крајот на сезоната, и потоа челниците на тимот од Торино ќе одлучуваат дали ќе му дадат уште една сезона, или ќе бараат нов тренер.
Вчера Јувентус го претрпе првиот пораз под водство на Тудор, после две победи и едно „реми“. Хрватот беше назначен за нов тренер на 23. март.
„Јасно кажавме од самиот почеток кога го поставивме Тудор“, рече директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли.
Се очекува иднината на Тудор да биде одлучена после Светското клупско првенство од 15 јуни до 13 јули, и секако ќе зависи и од резултатите на тимот на тоа натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА