На Јувентус му се заканува одземање на бодови на крајот од оваа сезона откако обвинителството во случајот против „старата дама“ денеска и официјално побара овој клуб да остане без девет бода од оние кои ќе ги освои во текот на натпреварувачката сезона.
Првиот случај против Јувентус и уште десетина клуба беше одбиен поради недоволен број на докази, но „пандорината кутија“ повторно се отвори откако се појавија нови докази околу исплатата на платите во Јувентус за време на корона-кризата. Обвинителството инсистира на пожестока казна само за Јуве, додека за останатите клубови, Сампдорија, Емполи, Џенова, Парма, Пиза, Пескара, Про Верчели и Новара, се бара да бидат казнети ссамо парично.
Како што јавуваат италијанските медиуми, доколку Јувентус биде прогласен за виновен во судскиот случај, казната ќе се однесува со одземањето на бодови за оваа натпреварувачка сезона (2022/23), по што „старата дама“ ќе има можност да се жали до Судот при Италијанскиот Олимписки Комитет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА