Јувентус е подготвен да го продаде српскиот напаѓач Душан Влаховиќ во летниот преоден рок, а цената што ќе ја одредат за него е 40 милиони евра. Торински „Тутоспорт“ го пишува ова со дополнение дека Јуве ќе разгледа и понуди кои ќе бидат пониски од таа сума.
Српскиот напаѓач пристигна во Јувентус во јануари 2022 година во трансфер вреден 83,5 милиони евра. Торинскиот клуб го донесе од Фиорентина како гаранција за голови, а тој постигна 55 гола на 139 одиграни натпревари. Тој постигна девет гола на 26 натпревари оваа сезона во Серија А.
Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, има високо мислење за Влаховиќ, но 25-годишникот одбива да го продолжи договорот со клубот. Неговиот тековен договор е со важност до крајот на јуни следната година, а постојат клубови заинтересирани да го доведат. Најчесто се споменува Манчестер Јунајтед.
„Тутоспорт“ наведува дека за да се освежи нападот на Јувентус за следната сезона, клубот би морал да собере пари, од кои дел ќе дојде од продажбата на српскиот напаѓач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

