Јувентус конечно доби големо засилување, Локатели пристигна во Торино (ВИДЕО)

Торинскиот Јувентус денеска добива големо засилување. Нов член на „Старата дама“ од Торино ќе стане одличниот играч за врска Мануел Локатели кој доаѓа од редовите на Сасуоло.

Италијанскиот репрезентативец имаше голема желба да ги засили „Бјанконерите“. Преговорите меѓу двата тима траеја долго, а конечно вчера беше постигнат договор.

Локатели веднаш се упати кон Торино. Тој пристигна во овој град доцна синоќа, а утрово се појави на лекарски прегледи.

По завршувањето на сите потребни прегледи, Локатели ќе потпише договор со „Старата дама“ која ќе го врзува за клубот до јуни 2026 година. Сасуоло ќе добие 35 милиони евра како компензација за овој трансфер, а треба да се напомене дека според договорот, Локатели ќе игра како позајмен играч на Јувентус во првите две сезони.

Во последните три сезони, Локатели играше феноменално во дресот на Сасуоло. Постигна седум гола на 99 настапи и привлече големо внимание кон себе.

Многу големи тимови го сакаа во своите редови. Сепак, тој само сакаше да замине во Јувентус и таа желба на крајот се исполни. Локатели се појави во младинските селекции на Милан. За првиот тим на „Росонерите“ одигра 63 натпревари, но лесно се откажа од настапите на „Сан Сиро“.

 

 

 

Се вчитува...