Јувентус „лапна“ 20 милиони евра

Јувентус има дополнителни 20 милиони евра за трансфер во овој преоден рок откако „старата дама“ денеска ја комплетираше продажбата на Мерих Демирал во Аталанта.

Турскиот репрезентативец ја мина последната сезона како позајмен играч во Аталанта, а клубот од Бергамо долго време тактизираше дали да ја активира клаузулата за откуп. Откако стана јасно дека Јувентус нема да даде попуст за Турчинот, кој беше меѓу најстандардните во тимот на Гасперини, челниците на Аталанта на крајот се согласија да платат 20 милиони евра и целосно да го откупат договорот што Демирал го имаше со „старата дама“.

Овие пари ќе бидат инвестирани во трансферот на нов одбранбен фудбалер во Јувентус. На врвот на листата со желби се наоѓа Кулибали од Наполи.

Се вчитува...