Јувентус му „фрли око“ на напаѓачот на Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и на данската репрезентација Расмус Хојлунд би можел да се врати во Серија „А“. Јувентус покажува интерес за 22-годишниот голгетер, пренесува „Тутоспорт“.

Раководството на торинскиот клуб покажа интерес за 22-годишникот, кој во минатото играше за Аталанта. Раководството на клубот веќе стапило во контакт со агентите на Данецот. Договорот би бил позајмица на една година, со можност за откуп.

Холјунд би требало да биде замената за Душан Влаховиќ кој на крајот на сезоната речиси сигурно го напушта Јувентус.

Се вчитува...