Наполи во Удинезе ја најде замената за Елиф Елмас, меѓутоа Јувентус најверојатно ќе му ја расипе работата. Лазар Самарџиќ, Србинот кој настапува во Удинезе, беше пред промоција во Неапол, меѓутоа сега Јувентус изби во прв план за неговиот потпис.
Самарџиќ беше пред промоција во Интер во летниот преоден рок, но трансферот пропадна во последен миг. Сега е пред промоција во Јувентус, и покрај тоа што Наполи го „пикираше“ како замена за Елиф Елмас, кој од Наполи замина во Лајпциг.
Покрај Јувентус и Наполи, и тимот на Брајтон беше во трката, но веројатно тој ќе заврши во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА