Јувентус има подготвено мегапонуда со која италијанскиот првак е убеден дека ќе излезе како победник од трката по Арон Рамзи. Велшкиот ас станува слободен играч по истекот на договорот со Арсенал на крајот од сезонава, а Јуве низ годините се покажа како врвен клуб за комплетирање на вакви трансфери, без отштета за старите клубови, а со високи плати за самите фудбалери.
Британските медиуми најавуваат дека понудата за Рамзи ќе изнесува годишна плата од 10 милиони евра за наредните четири сезони, со богати бонуси за самиот потпис на договорот и за секој трофеј што велшкиот репрезентативец ќе го освои во дресот на „старата дама“.
Германските медиуми претходно објавија дека Баерн Минхен е многу блиску до потпишување на пред-договор со Рамзи, но челниците на Јувентус се оптимисти дека со оваа понуда ќе успеат да го надмудрат баварскиот гигант и да го осигураат потписот на големото засилување за наредната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА