Италијанскиот првак Јувентус направи спектакуларен трансфер и го засили нападот со Кристијано Роналдо, но раководството на „старата дама“ не сака да застане само со реновирање на навалната линија. На ред е одбраната, а во фокусот на Јуве се наоѓа Диего Годин, искусниот уругвајски интернационалец кој го носи дресот на шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид.
Тренерот Масимилијано Алегри и челниците на Јувентус се подготвени на 32-годишниот дефанзивец да му понудат тригодишен договор за да го убедат да се пресели во Торино. Тој има актуелен договор со Атлетико Мадрид до јули 2019 година, што го прави достапен доколку италијанскиот клуб ја плати отштетната клаузула од 20 милиони евра. Сепак, Диего Годин е еден од клучните играчи во составот на Атлетико Мадрид и сигурно дека Диего Симеоне нема лесно да се помири со негово заминување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА