Душан Влаховиќ е на излезна врата од Јувентус. Веќе се поврзуваше со неколку клубови, а Србинот и натаму е дел од „бјанконерите“, дури постигна и гол во првото коло на својот тим во победата над Парма.
Затоа Јувентус му нуди зделка на Милан. Влаховиќ да дојде на Сан Сиро, а во спротивен правец да замине Алексик Салемакерс, со оглед дека тимот од Торино очајно бара десен бек.
„Бјанконерите“ итно бараат играч за оваа позиција. Во неделата против Парма, оваа улога невообичаено ја презеде Пјер Калулуи, додека новото засилување Жоао Марио остана на клупата. Според „Тутоспорт“, главна цел на „старата дама“ е Сејлмејкерс од Милано, а клубот е дури и подготвен да го понуди Влаховиќ во замена.
Од една страна, тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, сака повторно да соработува со Влаховиќ на „Сан Сиро“, но од друга страна, не би се разделил лесно од Белгиецот.
Понатаму, дури и ако Јувентус и Милан постигнат договор, што не е сигурно, „росонерите“ ќе мора да го убедат Влаховиќ да се пресели на „Сан Сиро“ со тоа што ќе прифатат намалување на платата од 12 милиони евра во последната година од неговиот договор во Торино.
Друга опција за десниот бек на Јуве е една од нивните долгорочни мети, поранешниот дефанзивец на Удинезе, Науел Молина, кој сега игра за Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

