Јувентус на чекор до првото летно засилување

Јувентус е на прагот да стигне до првиот трансфер за престојната сезона со ангажман на искусниот бразилски крилен напаѓач Фелипе Андерсон, пренесува доброупатниот Фабрицио Романо.

Триесетгодишникот се сели во редовите на „старата дама“ од Лацио како слободен играч со истекот на договорот на крајот на сезоната. Помеѓу Бразилецот и италијанскиот клуб е постигнат усмен договор и наскоро се очекува официјализација на ангажманот.

Андерсон кариерата ја започна во Сантос од каде се пресели во Лацио за кој во првиот мандат настапуваше од 2013 до 2018 година. По петте години во Рим се пресели во Вест Хем, а пред камбекот во 2021 година во главниот град на Италија помина и една сезона на позајмица во Порто.

Се вчитува...