Јувентус ќе се ослободи од уште еден фудбалер кој не беше дел од плановите на Игор Тудор откако конечно постигна договор за заминување на Тимоти Веа од клубот.
Олимпик Марсеј ќе биде новиот тим на синот на прославениот Жорж Веа, откако претоворите кои траеја повеќе од еден месец конечно вродија до плод. Олимпик имаше договор со самиот фудбалер, но францускиот тим се мачеше да најде заеднички јазик со Јувентус, кој прифаќаше позајмица само доколку во неа има клаузула за задолжителен откуп следното лето.
Јувентус се договори со Нотингем Форест, но овој трансфер пропадна откако Веа одби да замине во Премиер-лигата, инсистирајќи на камбек во францускиот фудбал каде претходно ги има брането боите на Лил.
На крајот беше постигант целосен договор меѓу Олимпик и Јувентус, Французите ќе платат еден милион евра за позајмица, но и дополнителни 14 милиони евра кои се задолжителни за следното лето. Јувентус згора на тоа ќе има и 10% од следниот трансфер на Веа, по што „старата дама“ даде зелено светло за овој фудбалер да отпатува за Марсеј и да го комплетира трансферот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

