Јувентус на „седмо небо“ со Игор Тудор

Игор Тудор го превзема Јувентус во март оваа година по отказот на Тијаго Мота и веднаш успеа да донесе позитивна енергија во Торино. По првите три натпревари „страта дама“ освои седум од можни девет бодови, а и значајно е подобрена атмосферата во соблекувалната.

Раководството на Јувентус е презадоволно со работата на хрватскиот стратег, неговата посветеност, дисциплината која ја бара и шампионскиот менталитет па размислува да му го продолжи договорот и доколку не биде исполнета целта – пласман во Лигата на Шампионите за следната сезона.

Јувентус во моментот е на петтото место на табелата со 59 освоени бодови, но и натпревар помалку од Болоња која е на посакуваната четврта позиција со само бод повеќе.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...