Јувентус на „српски погон“ им се врати на победите во Италија

Јувентус стави крај на серијата од три последователни натпревари без победа во Серија А откако славеше со 3-0 на домашен терен против Болоња во 8. коло. До победа „старата дама“ ја предводеа српските интернационалци Филип Костиќ и Душан Влаховиќ кои асистираа и даваа голови.

Натпреварот го отвори Костиќ со деби гол во 24. минута на асистенција на Влаховиќ, а во 59. минута српскиот голгетер и самиот ја затресе мрежата. Милик ја потврди победата во 62. минута и ги завери тритте бода.

Со денешната победа Јувентус се искачи на седмото место на табелата и се наоѓа пред Интер кој е девеети со бод помалку. „Старата дама“ сепак заостанува седум бода зад водечките Наполи и Аталанта.

Standings provided by SofaScore

Се вчитува...