Конечно по три едноподруго меча без триумф, Јувентус до победа во Серија А. „Старата дама“ триумфираше убедливо со 0-3 на гостувањето против Салернитана во 21. коло, благодарение на српската двојка Душан Влаховиќ и Филип Костиќ.
На крилјата на Србите, „црно-белите“ дојдоа до триумфот кој беше најавен со голот од пенал на Влаховиќ во 26. минута.
Во 45. минута Филип Костиќ зголеми на 0-2 на асистенција на Влаховиќ.
А, во второто полувреме, веќе во 47. минута Влаховиќ постигна убав погодок за конечни 0-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА