Јувентус ја заврши потрагата по нов голгетер со потпис на малку познато име, Џереми Бога од вечерва е нов член на „старата дама“. Тренерот Спалети бараше нов напаѓач од почетокот на јануари, а откако пропаднаа неколкуте примарни опции (Матета, Ен Несири, Коло Муани) на крајот изборот падна врз Бога, 28-годишниот интернационалец од Брегот на Слоновата Коска.
Тој е добро познат на италијанската јавност од времето кога настапуваше за Сасуоло од 2018 година, кога се наметна како еден од најдобрите крилни офанзивци во Серија А. Следеше трансфер во Аталанта во 2022 година, но Бога не се снајде најдобро во Бергамо и неговата кариера почна да се движи во надолна линија.
Од летото 2023 гој беше член на француска Ница, каде досега одигра 73 натпревари, постигнувајќи 11 гола и 9 асистенции во сите натпреварувања.
Ница даде зелено светло по што Бога потпиша на шестмесечна позајмица со Јувентус, со можност „старата дама“ следното лето целосно да го откупи неговиот договор со францускиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

