Претеседателот на Јувентус, Андреа Ањелји посочи дека клубот направил профит од 42.6 милиони евра во текот на изминатата сезона. Во пресрет на состанокот со акционерите, претсетаделот Ањелји го истакна финалето на Лигата на шампиони како најголем успех покрај шестото освоено Скудето во низа.
„Нашиот план, односно нашата цел е да продолжиме да го одржуваме клубот на високо ниво. Минатата сезона стигнавме до финалето на Лигата на шампиони, а го освоивме и домашното првенствто по шестти пат во низа, нешто што ниту еден италијански тим не успеал на направи, затоа сакам да се заблагодарам на секој поединечно кој со напорна работа допринесе овој клуб да стигне на ова високо ниво. Сега пркосиме на нови предизвици, нови врвови за освојување, покрај машкиот тим, исто така сакаме успеси и со женскиот тим на Јуве. Севкупно, без трансферите, направивме обрт од 411.5 милиони евра, со профит од 42.6 милиони евра во изминатата сезона“, истакна Ањелји.
Шест фудбалери на Јувентус се дел од шестгодишното владеење во Серија А, Маркизио, Лихштајнер, Барзали, Киелини, Буфон и Бонучи, пет од нив продолжуваат да се борат за да го задржат тронот. Секако, голем дел од успехот има и Мкасимилијано Алегри, италијанскиот стратег кој успеа да ја однесе „старата дама“ до две финалиња во најелитното клупско натпреварување во последните три години. Ањели верува во работата на Алегри, и знае дека под негово водство ќе има уште успеси.
„Алегри направи одлична работа во изминативе три години. Успеа да го однесе клубот до две финалиња во ЛШ, ја одржа низата на освоени титули во домашното првенство, па секако дека примарна цел ќе ни биде продолжувањето на таа доминација. Најубав успех според мене е оној следниот, кој допрва ќе се обидеме да го оствариме, а се надевам дека во блиска иднина ќе биде и самиот пехар од најелитното клупско натпреварување во Европа“, вели претседателот на италијанскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА