Фудбалскиот клуб Јувентус го назначи Паоло Монтеро за нов тренер на екипата. Тој ќе го води тимот во последните две кола.
Јувентус во петокот го отпушти Масимилијано Алегри, поради неговото недолично однесување за време на финалето на Купот, а отказот му се подготвуваше веќе неколку месеци наназад, откако тимот ја загуби битката за шампионската титула.
До крајот на сезоната екипата ќе ја води легендата на клубот. Јувентус игра против Болоња и против Монца во последните две кола. Тимот веќе го има обезбедено местото во Лигата на шампионите идната сезона.
По завршувањето на сезоната се очекува Тиаго Мота, сегашниот кормилар на Болоња да го презеде кормилото на „Старата дама“.
Paolo Montero guiderà la Prima Squadra Maschile fino a fine stagione
— JuventusFC (@juventusfc) May 19, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА