Јувентус не губи време, почна преговори со Сасуоло за Мануел Локатели

Мануел Локатели летово се наоѓа пред голем трансфер и богат договор по неговата одлична игра за Италија на Европското првенство. Фудбалерот од средниот ред блеска во дресот на „аѕурите“, па неговиот менаџерски тим веќе започнал преговори со Јувентус.

Според медиумите во Италија, Сасуоло ќе бара обештетување помеѓу 35 и 40 милиони евра за репрезентативецот. Сепак, во трката за потписот на Локатели може да се вклучат и неколку премиерлигаши, бидејќи Челси и Манчестер сити исто така се заинтересирани за фудбалерот.

Инаку, Локатели три сезони игра во дресот на „црно-зелените“, а претходно беше дел од Милан. Тогашниот спортски директор на „росонерите“, Леонардо го продаде за 18 милиони евра иако беше еден од најдобрите фудбалери на тимот и продукт на младинската школа на клубот.

Се вчитува...