Интересен и неизвесен натпревар во Торино, во кој Јувентус и Аталанта играа нерешено 2-2, во меч во кој тимот на Алегри го испушти второто место на табелата на Милан.
Јувентус имаше негатива, па направи пресврт, но не дојде до конечен триумф против гостинската екипа, која на крајот успеа да дојде до бод, и да ги задржи шансите за пласман во ЛШ идната сезона.
Копмајнерс во 35. минута ги замолкна навивачите на Јувентус носејќи предност за Аталанта, која беше актуелна по првиот дел.
Во 66. минута Камбијасо израмни, а во 70. минута Милик донесе предност. Сепак, домашната радост траше само пет минути, за Копмајнерс повторно погоди овој пат за израмнување и за бод на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА