Во вторник вечерта, Јувентус го победи Боде/Глимт во Норвешка со резултат од 3:2 и конечно го забележа својот прв триумф во Лигата на шампионите. Сепак, проблемите започнаа дури по натпреварот.
Експедицијата на „Старата дама“ требаше да преноќи во Бодо по мечот, и денеска наутро да се врати во Торино. Меѓутоа во текот на ноќта во овој град врнеше снег, по што беше сопрен авио сообраќајот.
Италијанските медиуми јавуваат дека поради замрзнување на пистата, не може да се гарантира безбедно полетување на авионот на италијанскиот тим. Затоа целиот тим мора да остане во Норвешка, и да го пролонгира враќањето назад.
Не е познато кога ќе може експедицијата да полета назад кон Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА