Јувентус планира дополнителено да го засили средниот ред, а на врвот на листата со желби се наоѓа Серхио Роберто од Барселона. Шпанскиот репрезентативец и минатото лето беше поврзуван со трансфер во редовите на италијанскиот шампион, но тој самиот одби да си замине од „Камп ноу“ во надеж дека ќе добие нов договор.
Сепак, преговорите за продолжување на соработката одат многу побавно од очекувањата, Роберто и кај новиот тренер Валверде многу почесто игра како десен бек отколку во средниот ред, па сега овој млад и талентиран фудбалер многу посериозно размислува за евентуално менување на клупските бои. Добро за „старата дама“ е што во актуелниот договор на Роберто со Барса има клаузула за раскин од 40 милиони евра, сума што италијанскиот гигант е подготвен да ја плати доколку претходно го убеди самиот фудбалер на преселба во Торино.
Јувентус се уште е во контакт и со Емре Џан, но германскиот ас би можел да стигне дури по завршувањето на сезонава, и тоа како слободен играч по иестекот на неговиот договор со Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА