Јувентус нема намера да му понуди на Роналдо нов договор

Кристијано Роналдо се уште нема донесено одлука дали ќе остане во Јувентус и следната сезона. Тој има договор со италијанскиот клуб до 2022 година, но по лошата сезона почнаа шпекулациите дека тој може да го напушти тимот од Торино.

Јувентус не му понудил нов договор на Роналдо со кој би се обврзал со клубот и по 2022 година, а прашање е дали Португалецот ќе остане во Торино и сезонава. Алегри се очекува да направи промени во тимот по ланската катастрофална сезона, а голема е шансата тој да се раздели со Португалецот кој ќе замине за Париз.

 

Се вчитува...