Италијанскиот првак Јувентус го направи првиот чекор за ангажман на Алексис Санчез во летни0т преоден рок. Раководството на „старата дама“ подготви 30 милиони евра за чилеанскиот интернационалец, кој на лето најверојатно ќе си замине од „Емирати“ со оглед дека одби да го продолжи договорот, кој има важност до 2018 година. Доколку Арсенал сака да заработи на неговата продажба, тоа треба да го стори токму во летниот преоден рок.
Јувентус ќе ослободи пари во буџетот со продажбата на двајца фудбалери кои во моментот се наоѓаат на позајмица. Тоа се Кингсли Коман во Баерн Минхен и Симоне Заза во Валенсија. Тие и дефинитивно ќе бидат продадени ова лето, а финансиите ќе бидат пренасочени за ангажман на Алексис Санчез.
Чилеанецот размислува за заминување во Шпанија, каде за него се заинтересирани Севилја и Атлетико Мадрид, а исто така подолг период интерес покажува и Пари Сен Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА