Голем дел од фудбалскиот свет и го сврте грбот на младата сензација на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд, по неговото двегодишно отсуство од терените поради обвинувања за силување.
Во меѓувреме, обвиненијата беа отфрлени, Гринвуд беше испратен на позајмица во Хетафе каде имаше брилијантна сезона во која беше крунисана за играч на годината на клубот од главниот град на Шпанија.
Јунајтед сака да го продаде 22-годишниот играч ова лето, со такса од 40 милиони фунти што се приближува до нивната проценка бидејќи сакаат да соберат средства за трансфер буџетот на Ерик тен Хаг. Од италијанскиот Јувентус се подготвени да ја исплатат оваа сума, верувајќи во Англичанецот дека тоа е човекот кој им е потребен за враќање на тронот во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА