Јувентус нуди 70 милиони евра и Дибала за Пол Погба

Италијанскиот првак Јувентус не се откажува од идејата да го врати Пол Погба во Торино. Новиот тренер Маурицио Сари сака да го види францускиот ас во средниот ред на „старата дама“, а раководството ќе се обиде да ја исполни неговата желба.

Јувентус подготви понуда од 70 милиони евра плус Пауло Дибала за ангажман на Пол Погба. Сепак, Манчестер Јунајтед не сака ниту да слушне за продажба на одличниот играч за врска за сума под 150 милиони евра. Сериозен интерес за Погба покажува и Реал Мадрид.

Се вчитува...