Јувентус одржа лесен тренинг во Парма

Јувентус многу полесно од очекувањата стигна до цел плен на гостувањето против Парма, триумфирајќи со 1-4 за четврта победа во последните пет кола од Калчо-лигата.

„Старата дама“ одигра импресивно во текот на сите 90 минути, промашувајќи уште неколку одлични шанси со кои резултатот можеше да биде многу поубедлив. Дефанзивецот Бремер го отвори резултатот, а на 0-2 во првото полувреме зголеми Мекени.

Една лоша интервенција на Камбијасо значеше автогол за 1-2, но тоа не ја наруши играта на Јувентус, „црно-белите“ продолжија да доминираат на теренот и преку Бремер (втор гол) и Дејвид стигнаа до убедлива победа.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...