Јувентус официјално поднел барање од Ливерпул за позајмица на крилниот фудбалер Федерико Киеза до крајот на сезоната. Тимот од Торино наводно е заинтересиран да го врати италијанскиот напаѓач.
Сепак, поголемиот дел од работите сега се во рацете на Ливерпул, а со оглед на проблемите во нападот со повредата на Александар Исак, се чини дека „црвените“ нема така лесно да се откажат од услугите на овој играч.
Киеза играше за Јувентус од 2020 до 2024 година, пред да се пресели на „Енфилд“. Оваа сезона 28-годишниот Италијанец одигра 15 натпревари во Премиер-лигата, и постигна два гола и една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

