Јувентус официјално се збогуваше со Мората, Дибала и Бернардески

Торински Јувентус денеска официјално им кажа збогум на тројца играчи. Алваро Мората, Федерико Бернардески и Пауло Дибала не се повеќе играчи на „Старата дама“.

Мората беше позајмен од Атлетико Мадрид, а Јувентус не ја активираше клаузулата за откуп, па така тој се враќа во тимот од Мадрид. На Дибала и на Бернардески им истекоа договорите и заминуваат како слободни играчи.

Очигледно паѓа во вода дека Дибала би можел да се врати во Јувентус, како што објавија денеска дел од медиумите во Италија. Бернардески, пак, по пет години во Јуве си оди од таборот на „бјанконерите“. Тој дојде од Фиорентина, трансфер кој крена многу прашина кај навивачите од тимот од Фиренца.

Се вчитува...