Јувентус славеше над Верона со 2-0 со головите на дебитантите Влаховиќ и Закарија, но триумфот беше скапо платен поради повредата што ја заработи Џорџо Кјелини.
Столбот на одбраната на „старата дама“ се здоби со повреда на мускулот, а по деталните прегледи му беше препорачана пауза од дваесет дена од фудбалските терени. Ова значи дека Кјелини ќе го пропушти претстојниот меч од Купот на Италија со Сасуоло, следните две средби од Серија А против Аталанта и Торино, а крајно неизвесен е и неговиот настап на првиот осминафинален дуел од Лигата на Шампионите против Вилјареал.
Добра вест за тренерот Алегри е што во целосен тренажен процес се врати Леонардо Бонучи. Италијанскиот репрезентативец беше „во аут“ од крајот на 2021 година, но откако се најде на клупата за резерви против Верона, се очекува токму Бонучи да го замени Кјелини во последната линија на „старата дама“ за наредните натпревари, како партнер на Матијс де Лихт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА