Јувентус остана без уште еден ас за дербито со Рома

Масимилијано Алегри има дополнителен проблем со составот на Јувентус за вечерашното дерби против Рома откако беше обелоденето дека Матијс де Лихт нема да може да настапи за „старата дама“ против „римската волчица“.

Јуве ќе биде сериозно ослабен во нападот поради неиграњето на Мората и на Дибала, а сега остана и без еден од клучните дефанзивни играчи во тимот. Де Лихт се вратил од репрезентативниот собир жалејќи се на болка во мускулот, повредата не е премногу сериозна, но Алегри решил да го сочува за гостувањето против Зенит во ЛШ, како и претстојното дерби со Интер закажано за наредниот викенд.

Добра вест за Јувентус е што јужноамериканските фудбалери вчера тренираа со полна пареа и ќе бидат во комбинација за настап денеска против Рома.

Се вчитува...