Италијанскиот првак Јувентус се соочува со проблеми во пресрет на неделното дерби со Наполи. По тешката повреда на Марко Пјаца, кој ги скина лигаментите на пријателскиот меч меѓу Естонија и Хрватска, „старата дама“ најверојатно ќе биде и без вториот Хрват, Марио Манџукиќ за дуелот со „наполитанците“.
Тренерот Масимилијано Алегри не сакаше јавно да коментира, но медиумите откриваат дека Манџукиќ исто така има проблеми со коленото и дека нема да биде способен за настап. Во Серија А, на водечката позиција се наоѓа Јувентус со 73 бода, пред Рома со 65, а на третата позиција е Наполи со 63 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА