Јувентус останува без искусниот голман

Јувентус ова лето ќе претрпи промена и на голманската позиција од каде заминува искусниот 34-годишниот полски репрезентативец Војчех Шчесни.

За негов трансфер постои сериозен интерес од Саудиска Арабија, но првичните преговори со Ал Наср не вродија плод па не се исклучува можноста и да остане во италијанското првенство каде тој е трансфер цел на Монца.

Шчесни кој во кариерата бранеше и за Брентфорд, Арсенал и Рома е дел од Јувентус од 2017 година настапувајќи на повеќе од 200 натпревари за „старата дама“.

Се вчитува...