Антонио Конте нема намера да го напушти Наполи на крајот од сезонава, љубезно заблагодарувајќи им се на челниците на Јувентус за интересот покажан во изминатите месеци. Јуве го потпиша Тудор само на неколку месеци (има клаузула за продолжување, што може да ја активира само клубот) токму поради надежите дека ќе успее да го убеди Конте да се врати назад на чело на „црно-белите“ од Торино.
Интерес за трофејниот стручњак покажуваше и Милан, но Конте јасно ставил до знаење дека е среќен во Наполи и не планира да го напушти Неапол само една година по доаѓањето во овој клуб. Второто место и трката за скудетото со Интер се резултати од кои тренерот е презадоволен, чувствува дека ја има довербата на претседателот Де Лаурентис и одлична позиција за создавање на шампионска екипа за периодот што следи.
Поради ова, раководството на Јуве е веќе известено дека Конте нема да биде достапен на пазарот летово, па „црно-белите“ ќе разгледуваат други опции. Јувентус нема да брза, ќе почека да види како ќе се развива соработката со Игор Тудор, а доколку тимот стигне до билет за ЛШ за следната сезона, реални се шансите Хрватот да остане на чело на најтрофејниот италијански клуб. Доколку тоа не се случи сериозен кандидат за негов наследник би бил Гасперини, кој веќе најави дека летово би можел да си замине од Аталанта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА