Италијанскиот првак Јувентус е се поблиску до одбрана на шампионската титула во Серија А, а тренерот Масимилијано Алегри веќе почна да размислува и за потенцијалните засилувања за следната сезона. Тој сака да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред, а негова голема желба е Арон Рамзи, велшкиот интернационалец од англискиот премиерлигаш Арсенал.
Медиумите на Апенините најавуваа дека Емре Џан, играчот за врска на Ливерпул, на лето ќе се пресели во Торино, но тој трансфер сепак засега е далеку од реализација. Сега Алегри и раководството на Јувентус се фокусирани на Арон Рамзи и за него се подготвени да платат околу 20 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА